Белата куќа најостро го осудува апсењето на американскиот новинар на Волстрит журнал 

Од Белата куќа изјавија дека се длабоко загрижени од „вознемирувачките“ извештаи за задржувањето на американскиот граѓанин Еван Гершкович во Русија и најостро го осудуваат овој чин.

– Таргетирањето американски граѓани од страна на руската влада е неприфатливо, истакна портпаролката Карин Жан-Пјер. 

Се наведува дека службеници од Белата куќа и Стејт департментот синоќа зборувале со претставници на „Волстрит журнал“, каде што работи Гершкович. Администрацијата исто така е во контакт со неговото семејство. Стејт департментот е во директна врска и со руската влада „активно работејќи да се осигура конзуларен пристап за Гершкович, соопштија од Белата куќа. 

-бНајостро го осудуваме апсењето на Гершкович. Исто така го осудуваме континуираното таргетирање и репресии врз новинарите и слободата на печатот од страна на руската влада, рече Жан-Пјер. 

Од Белата куќа повторно истакнуваат дека Американците треба да посветуваат внимание на предупредувањето на владата на САД да не се патува во Русија. Американските граѓани кои престојуваат или патуваат во Русија треба веднаш да заминат, препорачува и Стејт департментот.