– Белата куќа се надева дека Израел и Хамас би можеле да ги „затворат преостанатите празнини“ во нивните разговори за прекин на огнот, додавајќи дека Израел нагласил дека неговата воена операција во Рафа во Газа е „ограничена“.
-Внимателното оценување на позициите на двете страни сугерира дека тие треба да бидат способни да ги затворат преостанатите празнини и ние ќе направиме се што можеме за да го поддржиме тој процес, рече портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.