Бела куќа: Го поздравуваме разговорот меѓу Си и Зеленски, рано е да се каже дали тоа ќе доведе до мир

– Белата куќа денеска го поздрави телефонскиот разговор меѓу претседателите на Кина и Украина, Си Џинпинг и Володимир Зеленски, но оцени дека е рано да се каже дали разговорот ќе доведе до мировен договор меѓу Русија и Украина.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Си Џинпинг и Зеленски бил „добра работа“ .

На прашањето дали овој телефонски повик ќе доведе до некаков значаен напредок кон мирот, тој рече: „Мислам дека сè уште не го знаеме тоа“.

Телефонскиот разговор на двајцата претседатели денеска е нивен прв контакт од почетокот на конфликтот во Украина.