Белгиецот Алдервирелд стави точка на репрезентативната кариера

 Белгискиот дефанзивец Тоби Алдервирелд одлучи денеска да стави крај на репрезентативната кариера во која во изминатите 13 години одигра 137 натпревари.

Алдервирелд беше дел од белгиската репрезентација која го победи Бразил и дојде до полуфиналето на Светското првенство 2018.

Дефанзивецот на Антверпен ја почна кариерата во Ајакс, по што следуваа настапи во дресовите на Атлетико Мадрид и Тотенхем.

Во изјава за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Белгија, 34-годишниот Алдервирелд рече дека настапот за белгиската репрезентација бил негов сон од детството.

„Многу сум благодарен што овој сон ми се оствари. Со болка во срцето објавувам дека веднаш ќе се повлечам од белгиските Црвени ѓаволи“, порача Алдервирелд.