– Херојот на Реал Мадрид во победата над Барселона вчеравечер со 2:1, Џуд Белингем, е задоволен од резултатот, но не во целост и од играта на неговиот тим.
Англичанецот ги постигна двата гола за Реал, победничкиот во судиското надополнување.
– Беше грандиозно! Ниту јас, ниту тимот се покажавме на нивно најдобро ниво. Но, ние продолживме да играме, покажавме карактер и покрај негативата по првото полувреме. Не е лесно со вакви натпревари. На овој натпревар, не играв на мое најдобро ниво. Но, понекогаш поентата не е да се прави нешто посебно секој пат кога ќе ја допрете топката. Важно е да се придонесе за тимот, рече Белингем.
По 11 одиграни натпревари во Ла Лига, Реал Мадрид е во водство со 28 бода, исто колку што има и Џирона. Барселона е трета со 24 бода.