Џуд Белингем за краток период успеа да сруши рекордот на Кристијано Роналдо во Ла Лига.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид денес го отвори резултатот во 9. минута од мечот со Осасуна во 9. коло, а во 54. уште еднаш се запиша во листата на стрелците. Ова се негов седми и осум гол во шпанското фудбалско првенство.
Кристијано Роналдо во истиот период во 2009 година постигна седум гола за Мадрид.
Воедно, во првите 10 натпревари за Реал на сите турнири, 20-годишниот Белингем е пред Португалецот по ефективни акции. Англичанецот има 10 гола и 3 асистенции, напаѓачот има 10 постигнати голови и 1 асистенција.