Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) објави листа на 100 најскапи фудбалери, во кој предводи Англичанецот Џуд Белингам .
Проценетата вредност на 20-годишниот англиски репрезентативец и член на Реал Мадрид е 267,5 милиони евра.
Неговиот поранешен соиграч од Борусија Дортмунд, а сегашна ѕвезда на Манчестер Сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд е втор со проценета вредност на трансферот од 251,2 милиони евра, додека трет играч на Реал Мадрид е Бразилецот Винисиус Јуниор , кој вреди 250,3 милиони евра.
На четвртото место е уште еден играч на Реал Мадрид, Бразилецот Родриго (247,9), а во Топ 5 е и младиот напаѓач на англиската репрезентација и Арсенал, Букајо Сака (223).
Интересно, напаѓачот на ПСЖ и француската репрезентација , Килијан Мбапе не е меѓу 20-те најскапи играчи во светот, со оглед на тоа што договорот му истекува за шест месеци, Мбапе е проценет на 106,2 милиони евра и го држи 27-то место.
Во споредба со проценките објавени минатиот јуни, бројот на играчи со трансферна вредност од повеќе од 100 милиони евра е речиси двојно зголемен, од 20 на 39. Вредноста на стотиот највисоко оценет играч сега е 71,3 милиони евра, наспроти 53,4 милиони евра во јуни 2023 година