– Белорусија на границата со Украина распореди повеќецевни ракетни фрлачи „Полонез“, со цел да ја тестира нивната борбена подготвеност, соопшти белоруското Министерство за одбрана.
Пограничната служба претходно објави дека пред два дена бил соборен дрон кој бил од Украина и собирал информации за белоруската погранична инфраструктура.
Претходно беше соопштено дека на истото подрачје е пронајден материјал за изработка на бомби.