Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доби гаранција од полскиот премиер Доналд Туск дека нема да биде уапсен доколку дојде на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.
Нетанјаху претходно одлучи да не оди во Полска на 27 јануари, каде се слави 80-годишнината од ослободувањето на овој злогласен концентрационен логор, поради страв од апсење по налог на Меѓународниот кривичен суд.
Покрај Туск, гаранции за Нетанјаху побара и полскиот претседател Анджеј Дуда, кој побара од државните институции да не го апсат премиерот на Израел доколку тој одлучи да го посети.
Сепак, вреди да се истакне дека неодобреното доаѓање на Нетанјаху во Полска, односно неговата посета која нема да резултира со апсење, би значело дека оваа земја го крши меѓународното право.
Полска е потписник на Римскиот статут, основачкиот документ на Меѓународниот кривичен суд, и затоа е обврзана да го уапси секое лице на нејзината територија по кое е активен судскиот налог.
Помеѓу другото, Полска е должна да ги уапси поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и рускиот претседател Владимир Путин доколку се обидат да влезат во оваа земја.