Странските медиуми постојано зујат за новата романса помеѓу Том Круз и актерката Ана де Армас и, како што се шпекулира, Бен Афлек не е воодушевен бидејќи неговата поранешна девојка сега е во врска со неговиот долгогодишен пријател.
– Бен е малку љубоморен тип, да. Тој навистина ја сакаше Ана, и кога таа го напушти, беше многу тажен . Сега, кога ја гледа среќна со својот пријател, му се чини малку чудно – рекол извор близок до Афлек и додал дека неговите пријатели наводно се шегуваат дека Бен ќе му се одмазди така што ќе започне врска со Кејти Холмс, која била во врска со Круз.
Погледнете ги фотографиите од Том Круз и Ана де Армас во галеријата:
Ова не е прв пат Афлек и Круз да имаат заеднички партнери. Пред неколку години, Бен Афлек беше во романса со исто така поранешната партнерка и колешка Гвинет Палтроу , а Том имаше страсна сцена со неа во филмот „Остин Паверс во Голдмембер“ од 2002 година.
– Имав кратка улога и го бакнав Том Круз. Беше одличен бакнеж – изјави актерката во едно интервју.
Поради сето погоре наведено, многумина шпекулираат дека Бен Афлек е љубоморен на својот колега Том Круз, а истото го потврди и извор близок до актерот.
– Мислам дека секој актер во Холивуд е барем малку љубоморен на успехот на Том. Бен не е исклучок. Сепак, Бен е исто така среќен за Том. Тој е восхитуван затоа што сè уште доминира на големото платно во шестата деценија од животот . И се надева дека ќе има таква кариера – продолжува изворот за Дејли Меил.
Да потсетиме дека Бен Афлек и Ана де Армас беа во врска од март 2020 до јануари 2021 година, а таа ја започна својата врска со Круз на Денот на вљубените оваа година. Колку се вљубени може да се види во видеото, кое го снимиле обожавател и минувач, во кое двојката ужива во романтична прошетка во лондонски парк, а сè се случило на денот на 37-миот роденден на Ана.