Бен Афлек сака да биде со позната актерка: Извор тврди дека е заинтересиран за неа 20 години

Иако неодамна официјално се разведе од Џенифер Лопез, Бен Афлек сака да постигне нешто повеќе со актерката Џесика Алба.

Откако медиумите објавија за потенцијална романса меѓу Џенифер Лопез и Кевин Костнер, извор близок до Џесика Алба тврди дека Афлек има чувства кон неа.

Како што пренесуваат странските медиуми, во Холивуд има извори кои истакнуваат дека Бен Афлек може да се обиде да се доближи до својата долгогодишна симпатија Џесика Алба. Инаку, Алба штотуку се разведе од Кеш Ворен пред неколку недели по 16 години брак.

„Бен беше заинтересиран за Џесика речиси две децении и секогаш кога поминуваа време заедно, хемијата беше непобитна. Сега кога двајцата се сингл и нивните деца се постари, изгледа како совршено време за нивната врска да процвета“, изјавил изворот.

Раскинувањето на Бен Афлек и Џенифер Лопез се случи пред повеќе од шест месеци, а оттогаш Афлек е поврзуван со Кик Кенеди, ќерката на Роберт Кенеди Јуниор, но таа гласина набрзо беше демантирана.

Од друга страна, сè почесто се зборува за врската на Афлек со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, откако тој се преселил во нејзиниот дом за време на неодамнешните пожари во Лос Анџелес. Меѓутоа, тоа дружење можеби предизвикало тензија во нејзиниот однос со сегашниот партнер Џон Милер.

Не е тајна дека актерката Гарнер отсекогаш се трудела да одржи добри односи со Афлек по нивниот развод по една деценија брак, но тоа е најмногу поради нивните деца.