Бен Афлек одлучи да одговори на гласините дека тој и неговата поранешна сопруга Џенифер Лопез повеќе не се во добри односи.
На премиерата на „The Accountant“ Афлек откри дека секогаш имал добро мислење за Лопез.
“Џенифер е спектакуларна. Таа е одлична со моите деца и имаме одличен однос. Ги сакам нејзините деца, тие се прекрасни. Таа е искрена личност која навистина ја ценам и сум благодарен”, рекол тој.
Актерот додаде дека на премиерата на филмот го придружувале 17-годишните близнаци Макс и Еме, кои Џеј Ло ги има од претходната врска со Марк Ентони. За време на премиерата се дружеа со децата на Афлек од бракот со Џенифер Гарнер, Вајолет, Серафина и Семјуел.
“Одлична вечер. Моите деца се тука, децата на Џенифер се тука. Горд сум на филмот и сакам кога доаѓаат сите деца бидејќи секогаш ми е возбудливо и забавно”, рекол тој.
Афлек и Лопез официјално се разведоа пред четири месеци, а според изворите и двајцата се справуваат со емотивните предизвици на крајот на нивниот брак додека се фокусираат на работата.
Џенифер оваа недела потврди дека ќе одржи неколку концерти како дел од одложената летна турнеја додека Афлек снима нов филм наречен „Животни“.