БЕРБОК ГИ ШОКИРА ГЕРМАНЦИТЕ СО ПОДАРОКОТ ​​ЗА КРЕМЉ: „Москва ќе го искористи тоа“

Москва може да ја сврти изјавата на шефот на германската дипломатија во своја полза.

Изјавата на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок дека Европа „војува против Русија“ е подарок за Кремљ, пишува лидерот на Христијанско-демократската унија Фридрих Мерц за весникот „Фокус“.

Тој тврди дека Москва може да ја сврти оваа изјава во своја полза.

– Ваквите грешки се неприфатливи, особено во добро подготвен говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во таква напната ситуација, неопходно е да се одмери секој збор – се наведува во изданието.

Тој додаде дека секој може лошо да се изрази, но во контекст на се што се случи , се добива впечаток дека во коалициската влада на Германија нема координирана надворешна и безбедносна политика.

– И министерот за надворешни работи на Германија безгрижно изговара такви зборови што противниците на нашата помош за Украина ќе ги користат како оружје. Во тешки времиња, ваквата надворешна и безбедносна политика е осудена на неуспех во борбата за поддршка на населението – заклучува Мерц.

За време на седницата на ПАСЕ на 24 јануари, Бербокова изјави дека европските земји „ војуваат против Русија “ и ги повика европските земји да направат повеќе заедно за Украина, а не да бараат виновници меѓу своите. Овие зборови предизвикаа бран критики од германските политичари против Бербокова, а МНР на Германија посебно мораше да излезе со соопштение дека поддршката за Киев не го прави Берлин една од страните во конфликтот.