На 15 јуни Австралија го откажа закупот на Русија за изградба на нова амбасада, наведувајќи ја националната безбедност.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека неодамнешниот потег на Австралија, во врска со раскинувањето на рускиот закуп за новата локација на амбасадата во Канбера, покажува дека Австралија го занемарува почитувањето на законот .
– При склучувањето договор за решавање на спорот, властите во Австралија истовремено вложија активни напори за развој на алтернативен план за конфискација на руски дипломатски имот – рече Захарова, оценувајќи дека тоа е бескрупулозен потег, пренесе ТАСС.
Австралискиот премиер Ентони Албанес во понеделникот изјави дека неговата влада ја поздравува одлуката на високиот суд на Австралија да го отфрли предизвикот на Русија да ја спречи федералната влада да ја преземе контролата врз земјиштето изнајмено за изградба на новата руска амбасада во близина на Парламентот во Канбера, објави Ројтерс.
– Очекуваме дека Руската Федерација ќе постапи во согласност со судската пресуда – рече Албанезе.
На 15 јуни Австралија го откажа закупот на Русија за изградба на нова амбасада, наведувајќи ја националната безбедност.
Кремљ рече дека потегот на Канбера го одразува нејзиниот антируски став.