На социјалната мрежа Х е споделено вознемирувачко видео на кое се гледа како делови од бетонската конструкција паѓаат врз главите на луѓето и ги соборуваат на земја.
Исто така, на Јутјуб беше споделена компилација каде може да се види каква била ситуацијата во различни делови од земјата.
Повеќе од 36.000 луѓе останаа без струја во префектурата Ишикава, а досега се соопштува дека се урнале повеќе од 30 згради во градот Ваџима, пренесува Ројтерс.
Аеродромите ги откажаа сите летови.
Жителите на кои им било кажано да ги напуштат своите домови и да се упатат кон повисоките места ја поминуваат ноќта во владината канцеларија во Ишикава.
Претходно, јапонската метеоролошка агенција предупреди дека се уште постои „многу висок ризик“ од уривање на згради, а силните потреси би можеле да продолжат „во следните два до три дена“.