Стопанската комора на Македонија е подготвена да им помогне на локалните компании кои треба максимално да се вклучат во реализацијата на активностите во сите фази на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д, пишува Телеграф Македонија.
Ова беше речено на средбата на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и неговите колеги со челниците на компанијата „Бехтел и Енка“.
На средбата Азески и челниците на компанијата „Бехтел и Енка“ разговараа за динамиката на реализација на планираните активности.
Челниците на компанијата „Бехтел и Енка“ побараа од Стопанската комора да помогне во обезбедувањето на работната сила, според која за целиот планиран период, додека трае реализацијата на проектот, таа треба да достигне 4000 работници (кадар-инженери од квалификувани и сл., како и неквалификуван кадар – општи работници).