Сузана Жуниќ од Сплит беше прогласена за Мис на Југославија на само 17 години. Во 1988 година со својата убавина ја освои цела република, а и многу мажи ја посакуваа.
Сепак, таа го избра фудбалерот Игор Штимац. Тие се запознале на еден од заедничките настани, а потоа започнале врска.
Следуваше 19-годишен брак, во кој добија три деца, синот Лука и ќерките Миа и Деа. На многумина им се чинеше дека имаат сè што им е потребно за да живеат среќно, но нивниот брак не беше ни најмалку успешен. Со години ги полнеа насловните страници, се поради измамите на Игор. Честопати негови љубовници беа жени од јавната сцена, а тоа што ја изневерува беше јавна тајна.
Така, една од неговите љубовници била и Алка Вуица, на која и’ ветил дека ќе раскине со неговата сопруга, но кога дознала дека тој сè уште е со Сузана, му истурила пијачка во лице.
,,Многу ја ценам Сузана и жалам што беше повредена поради мене. Судбината ни ги спои животите на многу грд начин, но само затоа што и двете многу го сакавме истиот човек и му верувавме“, рече Алка во едно интервју.
По инцидентот кој се случи пред насобраните на еден настан, Сузана дефинитивно решила да се разведе. Сепак, и’ било тешко да го поднесе тоа и набрзо паднала во депресија.
Среќата и вербата во љубовта и’ ги врати тренерот на кошаркарскиот клуб Шибеник, Дамир Милачиќ, со кој се омажи по шест години врска.
Активна е на своите социјални мрежи каде што најчесто објавува фотографии од уметнички слики на кои им се посветила.