Ли Мареј ќе остане запаметен како најбруталниот ММА борец за кој веројатно никогаш не сте слушнале.
Моментално е во затвор и таму ќе остане долги години, а сето тоа поради грабежот што го извршил во кој украдол 53.000.000 фунти.
Ли Мареј како борец го добил прекарот „Гром“, сега има 45 години, а грабежот за кој бил затворен го извршил во 2006 година. Потоа составил тим кој успешно ограбил банка во Англија, а потоа побегнал.
Сепак, сите беа фатени, а Мареј „падна“ додека се криеше во Мароко. По извршувањето на најголемиот грабеж во историјата на Обединетото Кралство, тие беа осудени на долги затворски казни, при што Мареј првично беше осуден на 10-годишна казна пред да се обиде да избега во 2009 година, по што казната беше продолжена на 25 години.
Што се однесува до неговите боречки вештини, неговата статистика е следна – осум победи, два порази, едно реми и еден дуел во кој не беше прогласен победник.
Сепак, повеќе од сите официјални борби, тој е запаметен во 2002 година, кога на улица во Лондон брутално го нокаутира еден од најсилните ММА борци од таа ера, Тито Ортиз.
За тоа дека Ли беше страв и трепет не само во светот на ММА, туку и на улиците, неодамна зборуваше и првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт: „Тој е страшен ,,кучкин” син. Кога велам страшен, немојте да го замислувате Ли како борец“, кратко рече Вајт.