Прославениот фудбалер Мемфис Депај е осуден на четиримесечна условна затворска казна поради „опасно возење под дејство на алкохол“.
Тој бил запрен од полицијата во август минатата година, откако излегол од ноќен клуб кога ја надминал дозволената брзина, а работата да биде уште полоша, бил во алкохолизирана состојба, бидејќи во крвта му биле пронајдени 1,01 промили алкохол.
За овој прекршок ќе треба да плати 9.000 евра, додека лиценцата ќе му биде одземена на две години.
“Би сакал да се извинам. Минатото лето за време на мојот одмор во Монако направив грешка што се возев дома по неколку пијачки во ресторан. Требаше да се возам со такси. Сакам да се извинам и да преземам одговорност за моето однесување. Минатата година беше година на лекции и дефинитивно ќе научам. Оваа година ќе бидам подобар рече Мемфис”, напиша Депај.