На церемонијата на 1 декември 2023 година, Меколи Калкин ја доби својата ѕвезда на познатата Холивуд патека. На наградата се појави и Кетрин О’Хара која ја глумеше мајката на славниот Кевин од комедијата „Сам дома“. А актерот одржа емотивен говор за време на кој изрази посебна благодарност до својата партнерка.
Меколи Калкин ја претстави својата вереница Бренда Сонг, со која се забавува околу 5 години, нивниот син Дакота, има само две години и веќе неверојатно личи на својот татко.
Во публиката беше и нивниот втор син Карсон, за чие раѓање се дозна во март оваа година.
Тој и’ оддаде почит на свршеницата Бренда Сонг за време на церемонијата на Булеварот на славните велејќи:
– Ти не само што си најдобрата жена што сум ја запознал, ти си најдобрата личност што сум ја запознал. Ми дадовте мотив, ми дадовте семејство и нашите две момчиња и станавте една од моите три омилени луѓе. Те сакам, те сакам многу!
Инаку, „Сам дома“ беше и сè уште е омилена глобална сензација, а семејствата ширум светот сакаат да ја гледаат, особено во овој период од годината.
А легендарниот Кевин по разни подеми и падови конечно ја доби својата среќна приказна.