Беше принцеза на нарко-мафијата, а сега живее во страв: Изгореа милиони за да се стопли, а потоа исчезна и го смени името (фото)

Пабло Ескобар (1949-1993) бил најпознатиот колумбиски дилер на дрога кој заработил милиони. Сите трепереа пред него, плашејќи се од неговите изливи на гнев, бидејќи тој беше лесен на чкрапалото. Имал законска сопруга, бројни љубовници, но само една жена била центарот на неговиот свет – ќерката Мануела, која покрај синот Хуан ја имал во брак со сопругата Марија.

Таа е родена на 25 мај 1984 година во незамисливо богатство. Во раното детство имала сè што сакала а пред сè љубовта на нејзиниот татко кој се трудел да и’ ја исполни секоја желба. Кога Мануела посака еднорог, Пабло реши да и’ ја исполни желбата. Наредил да и „направат“ еднорог. Купиле мал бел коњ и му вградиле рог во черепот, но кутрото животно умрело од инфекција.

Се шпекулираше дека Пабло принудил една од своите љубовници да го абортира нивното бебе, бидејќи и’ ветил на Мануела дека таа ќе му биде последното дете. Кога, бегајќи од полицијата, тој и неговото семејство се нашле на планината Меделин, на Мануела и’ се слошило. Пабло запали оган од банкноти за да ја стопли ќерка си, па изгоре повеќе од два милиони долари!

Ескобар беше убиен на 2 декември 1993 година, кога Мануела имаше само девет години, а тој настан засекогаш го одбележа и го промени нејзиниот живот. Додека нејзиниот брат Хуан Пабло Ескобар, сега познат како Себастијан Марокин, одлучи јавно да зборува за минатото на нивното семејство, Мануела целосно се повлече во анонимност. 

Иако на интернет може да се најдат информации за Мануела Ескобар, дури има детали и фотографии на Википедија, како и неколку профили на социјалните мрежи, таа всушност не е вистинската ќерка на наркобосот. Нејзините фотографии од последните 30 години можете да ги изброите на прсти од едната рака. Таа не користи социјални мрежи, па практично само мал број луѓе знаат како изгледа денес.

По смртта на кралот на дрогата, Мануела, нејзиниот брат Хуан Пабло и нејзината мајка Марија Хенао Ескобар избегале од Колумбија. Ниту една земја не сакаше да им даде азил поради злосторствата на Ескобар. Дури побарале помош од Ватикан. Во исто време, ривалскиот картел Кали бараше милиони долари. Конечно, во 1995 година, тие успеаја да отпатуваат во Мозамбик, потоа во Бразил, а потоа во Аргентина, каде што живееја под лажни имиња.

Одлуката на Мануела да се повлече далеку од очите на јавноста е резултат на нејзините трауми кога растеше и потребата да се заштити од срамот на нејзиниот татко. Таа, наводно, е глува на едното уво, траен резултат на експлозија на автомобил-бомба за време на картелскиот конфликт во Меделин. По смртта на Пабло, нејзиното семејство побегнало од Колумбија, барајќи засолниште подалеку од непријателите на Ескобар. Тие на крајот се населиле во Аргентина и го промениле идентитетот. Мануела стана Хуана Мануела Марокин Сантос, обидувајќи се да живее живот далеку од траумите од нејзиното детство.

Ескобар бил најбогатиот криминалец во историјата и според некои проценки заработил околу 30 милијарди долари! Но, тие пари најмногу биле ограбени по неговото убиство, а сметките биле блокирани. Откако се преселиле во Аргентина, мајката на Мануела, Марија, наводно се вработила како агент за недвижнини, за да може да си дозволи удобен живот на своите деца. Мануела наводно го наследила бизнисот на нејзината мајка, која и’ донела многу пари, овозможувајќи и’ да живее удобен живот без поголеми финансиски проблеми.

Во 1999 година, сопругата на Ескобар, Марија, која живееше како Викторија Еугенија Хенао Ваљехо, и Хуан Пабло, сега Себастијан Марокин, беа уапсени и обвинети за фалсификување документи, перење пари и криминален заговор. На крајот биле ослободени, иако никој не разбрал зошто се уапсени, а особено биле љубопитни каде всушност се наоѓа Мануела. Мануела Ескобар е, до денес, единствениот член од семејството Ескобар кој никогаш не бил вмешан или обвинет за какво било кривично дело.

Мануела живееше од својата работа, а животот што го имаше како Хуана Марокин беше всушност многу подобар од оној што го имаше како Мануела Ескобар. Додека Мануела имаше приватни воспитувачи, но и постојана несигурност и страв за нејзиниот живот, и многу малку можности за дружење со своите врсници, Хуана одеше во вистинско училиште, имаше дом и многу врсници кои живееја во нејзината зграда и со кои се дружеше. Но, имаше една работа што ја споделија Хуана и Мануела, а тоа беше стравот. Кога нејзината мајка и брат биле уапсени, стравот на Мануела повторно се појавил и таа повторно била исплашена тинејџерка.

Иако анонимноста ѝ помогна да го изгради сопствениот живот онака како што сакаше, тоа исто така ја направи нејзината судбина мистериозна. Познато е дека таа и 
денес живее во Буенос Аирес под идентитетот што го добила кога дошла во Аргентина и дека многу малку луѓе знаат дека таа е всушност ќерка на Пабло Ескобар, пишува News Esterofonica. Од 1999 година, таа имала 
неколку депресивни епизоди и, според нејзиниот брат Хуан Пабло, 
таа се обидела да се самоубие. Студирала односи со јавноста и се борела со депресија. Се плашела дека еден ден луѓето кои ги сакала ќе платат со живот, сето тоа поради чинот на нејзиниот татко, со кој таа немала никаква поврзаност.