Милијана Богдановиќ ја шокираше јавноста кога се омажи за 53 години постариот Милојко. Сепак, бракот не издржа, а во реалното шоу „Парови“ Милијана го изневеруваше својот поранешен сопруг пред негови очи.
Контроверзната реалити ТВ учесничка по пропаѓањето на бракот имала низа скандали, а моментално, според локалните медиуми, таа е во врска со 20 години постар маж.
Милијана, која денес работи како кондуктер во автобус, на социјалните мрежи не го покажува сегашниот партнер, но не се двоуми да сподели жешки фотографии во костим за капење.
Богдановиќ летуваше во околината на Свети Стефан, а сподели и фотографии од одморот.