Таа доби условно отпуштање во 2006 година.
Во Рим на 76-годишна возраст почина Барбара Балзерани, поранешна припадничка на терористичката организација Црвени бригади.
Родена е во 1949 година во градот Колферо во близина на Рим, Балзерани и се приклучила на организацијата во 1975 година, пренесува агенцијата.
Таа учествуваше во неколку атентати, вклучувајќи ја и акцијата во 1978 година во која беа убиени пет членови на обезбедувањето на поранешниот премиер Алдо Моро, кој беше киднапиран и убиен 54 дена подоцна.
È morta a 75 anni Barbara #Balzerani, ex dirigente delle Brigate Rosse: partecipò anche al rapimento di #AldoMoro. pic.twitter.com/Otiz0JWvMM
— Politicamente Italia (@politicaitaoff) March 4, 2024
Учествувала во киднапирања
Балзерани беше вклучена и во киднапирањето на командантот на копнените сили на НАТО во Европа , Американецот Џејмс Ли Дозиер во 1981 година во Верона, кој по 42 дена беше пронајден во стан во Падова и ослободен во операција на специјалните единици.
Уапсена е во 1985 година и оттогаш никогаш не се покајала, ниту се оградила од терористичката група, туку изразила тага „за жртвите“ на терористите.
È morta Barbara #Balzerani.
— Donatella Chiodi #spuntablu (@ChiodiDonatella) March 4, 2024
Aderì alle #BrigateRosse.
Partecipò al sequestro #Moro.
Mai pentita.
Mai dissociata.
E quando scompare qualcuno si dovrebbe dire “pace all’anima sua”.
Ma non credo sia il caso.https://t.co/hzVzyL7k6V pic.twitter.com/Q1bLBeeaqV
Таа доби условно отпуштање во 2006 година.
Црвените бригади беа комунистичко-терористичка вооружена група, формирана во 1970 година во Италија, со цел преку вооружена борба да создаде комунистичко општество и да ја одвои Италија од Западната алијанса.