Сепак, тој признава дека си го средил животот во последните две години.
Дека животот на професионалниот спортист е тежок и заморен сведочи и судбината на поранешниот дански репрезентативец Ларс Елструп, кој своевремено беше европски првак со споменатата селекција!
Тој не беше само шампион – туку и херој, бидејќи го постигна решавачкиот гол против Франција, а беше стрелец и во пенал серијата против Холандија. На крајот не сакаше да го игра финалето против Германија, целиот меч го мина на клупата со надеж дека нема да биде повикан на теренот.
– Се започна два дена пред финалето. Дотогаш со нетрпение очекував да играм на претходните четири натпревари, дури и во стартниот состав. Но, нешто се смени и не сакав да играм во финалето… Се плашев од неуспех – призна во својата автобиографија „Несреќниот херој“.
Од фудбалот се повлече во 1993 година и оттогаш почнаа неговите проблеми и мрачен период од 15 години. Тој се приклучи на секта, го промени своето име во Дарандо, дури и гол влезе на теренот на еден натпревар и страдаше од депресија. Таа депресија толку многу го убиваше што се плашеше да се истушира.
Врвот на сè беше упадот на теренот за време на натпреварот во данската Суперлига.
Conoce la historia de Lars Elstrup, de campeón de Europa a exhibicionista en un estadio https://t.co/IMTI4KHYXQ pic.twitter.com/3c5z5A6fBc
— MARCA (@marca) August 28, 2016
– Многу е тажно да се гледа ваков, тој е еден од хероите на овој град – призна тогаш Михаел Гравгор, претседател на Рандерс, клубот за кој настапуваше Елструп.
Она што го откри во својата автобиографија е дека е „чист“ од јануари 2022 година, односно ги надминал проблемите со менталното здравје:
– Јас сум посилен од било кога. Го поделив мојот живот на фази и оваа последна фаза сега трае повеќе од две години.