Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, денес изјави дека Европскиот фронт ќе се прошири, додавајќи дека се убедени оти ќе извојуваат победа на локалните избори.
Нивното барање е парламентарните избори да се одржат заедно со локалните избори.
„Сепак ќе влеземе. Можеби ќе ги земеме сите општини. Можеби не, но дефинитивно ќе победиме. Бараме предвремени парламентарни избори, сме сигурни во нашата база. Секојдневно живееме со Албанци и други етнички заедници и сме многу сигурни во ова.“
Оние што се плашат од изборите, оние што се покорни и што ги избрал премиерот. Има еден збор, јазикот нема коска. Ќе најдат различни оправдувања. Бујрум на изборите. Никој не треба да бега од изборите.
„Изборите се најдемократскиот чин и поради оваа причина уште еднаш апелираме до оние од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на идејата за предвремени парламентарни избори и граѓаните ќе го кажат своето“, изјави Беџети.