Беџети: Мицкоски не е тој што одредува кој ги претставува Албанците, Охридскиот договор е загарантиран од САД и ЕУ

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети, реагираше на неодамнешните изјави на Христијан Мицкоски.

Беџети вели дека не е премиерот тој што одлучува дали ДУИ ќе остане во опозиција, туку Албанците.

Тој додаде дека на Охридскиот договор не може да се влијае, бидејќи е гарантиран и од САД и од ЕУ.

„Во октомври, Мицкоски ќе научи две горчливи вистини. Првата: тој не е оној што одредува кој ги претставува Албанците, ниту со својата „моќ“ ниту со помош на вазалите што му служат. Втората: Охридскиот договор не е хартија што може да се искине со неговиот потпис. Тој е запечатен со крвта на Албанците и оклопен со потписите на САД и ЕУ. За Мицкоски, овој договор секогаш ќе остане „несварлива ѕверка“. Октомври е близу и тој ќе го разбере ова повеќе од кога било!“, пишува Беџети