Претседателот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети побара од премиерот Христијан Мицкоски да ги повлече иницијативите за Законот за јазиците во интерес на стабилноста на државата.
„Дали ќе го повлечете во интерес на стабилноста, напредокот и почитувањето на втората заедница во оваа држава, Албанците, рече меѓу другото Блерим Беџети во прашањето упатено до премиерот Христијан Мицкоски, чија партија е дел од една од 13-те иницијативи во Уставниот суд, каде што се оспорува Законот за употреба на јазиците, пренесува „ТВ21“.
Беџети го праша Мицкоски дали имаат волја да ја повлечат оваа иницијатива.
„Имате ли волја, подготвеност да ја повлечете оваа иницијатива, каде што го оспорувате Законот за употреба на јазиците, со почит кон сите Албанци, бидејќи сте убедени дека освен 10-те луѓе, 15 што сте ги удовиле во фотелјите на вашиот владин кабинет „Нема Албанец кој се согласува со укинување на ниту една клаузула, ниту на ниеден член“, рече Беџети.
Беџети го праша премиерот и каков механизам нашол за коалициониот партнер на ВЛЕН, кој според него ги менуваaт кажаните зборови.
„Каков механизам најдовте за оние кои ги менуваат сите зборови кажани во јавноста? Не сакам да се повторувам, претходниот колега, без да знам какво прашање ќе постави, му кажав некои прашања за уставните измени“, рече меѓу другото Беџети.