Новак Ѓоковиќ е навикнат да го критикуваат за сè и сешто, а сега е на удар поради реакцијата на Инстаграм за смртта на Србите на Косово и Метохија!
Bо четвртокот, најдобриот тенисер на светот сподели објава во својата приказна на Инстаграм на која се гледа транспарент „Секоја солза му се моли на Бога, на секој Србин душата го боли“, заедно со мапа на Косово и Метохија во боите на српското знаме.
Ѓоковиќ на објавата додаде три емотикони за молитва.
Албанскиот политичар Беџет Пацоли, претседател на Алијансата за ново Косово, му се придружи на неговиот црногорски колега Љубомир Филиповиќ во критиките на Новак.
– Каков пример е Новак Ѓоковиќ за спортот и светот кога ги фали и величи терористите? Одвратно однесување!
Филиповиќ ден претходно побара суспензија за српскиот ас.
– Ѓоковиќ треба да добие доживотна забрана од тенисот. Се приклучил на државната пропаганда во обид да ги прикаже терористите како херои – напишал Црногорецот.