Сликарката и шампионка во паратаеквондо Дејана Бачко, која многумина ја нарекуваат „девојката со крилја“, била на свадба, каде што ,,уловила” бидермаер.
Нејзиниот емотивен партнер Марко Нежиќ, со кој ја има ќерката Лара, на социјалните мрежи сподели видео од венчавката за кое на големо се зборува.
Кога невестата го фрлила бидермаерот, како што налага традицијата, се случило нешто неочекувано. Букетот се закачил на цевките кои биле поставени над гостите, па го симнале со помош на стап.
На крајот бидермаерот заврши кај Дејана која го подигна од подот, а сето тоа ја забавуваше публиката.
– За мене ова е најсмешното гаќање на букет што сум го доживеал – напишал Марко во описот на клипот.
Дејана, иако има хендикеп, сите секојдневни обврски ги извршува сосема нормално, а со своите следбеници често споделува како слика, патува и тренира.
Со оглед на тоа дека е родена без раце, научила да го користи своето тело на поинаков начин во споредба со другите, па на пример со прстите држи четка за бојадисување.