Лепа Брена откри дека во еден момент сакала да се откаже од кариерата и популарноста и целосно да се повлече од јавната сцена.
Пејачката Лепа Брена има богата музичка кариера и невиден успех, поради што често трпеше нејзиниот приватен живот, а поради исцрпувачките турнеи, настапи и снимања речиси и да го немаше.
Брена еднаш имаше моменти на криза кога размислуваше да го ,,закачи” микрофонот на колче и да продолжи да живее далеку од јавната сцена.
Како што истакна, тогаш пресудна била средбата со пророчицата Баба Ванѓа и таа средба променил сè. Брена во разговор со неа добила потврда дека е родена да биде ѕвезда.
Неколку месеци подоцна се одржа голем концерт на стадионот „Васил Левски“ во Софија, кога таа дојде со хеликоптер и запеа пред 122.000 луѓе.
– Една година пред познатиот скок со хеликоптер во Софија имав турнеја каде што слетав на стадионот. Те земаат до вилата, те носат до местото каде што го одржуваш концертот и те враќаат – рече пејачката, а потоа продолжи:
-Инаку, Бугарите ме замолија да одам кај познатата пророчица Ванѓа. Бев малку исплашенa бидејќи немав потреба од таква средба. Се плашев од сето тоа бидејќи таа беше позната и се плашев дали нејзините зборови можат да ми влијаат на психата. Потоа, со одобрение на бугарската државна служба, отидов да ја видам.
Таа ми рече дека ќе пеам уште долго, дека ќе изградам зграда во која ќе има многу пејачи и дека ќе соработувам со нив. Дека ќе се омажам за ,,човек во бело”. Си помислив… Што ако е доктор, пекар или фармацевт? Тогаш бев жена која не размислуваше за брак, кариерата ми беше на прво место. Ванѓа ми откри дека ќе имам машки деца и дека никогаш нема да родам девојче – изјави Брена.
На новинарско прашање дали се кае што нема ќерка, таа одговори:
– Не ми е жал… Кога имаш машки деца… би ми било жал да ги немам, затоа што се мои, затоа што ги сакам. Кога мајка си ги сака децата, тоа е смислата на животот и вечната љубов, а бидејќи ја немам видено ќерка ми… едноставно не знам каква е…Немам за што да жалам.
– Па, ќе имам снаа. Имам убава и фантастична снаа Александра Пријовиќ. Што поубаво може да посака човек? Само чувајте го како што е. Имам уште два сина, па го чекам нивниот избор и се надевам дека тоа ќе биде нешто што ќе им одговара прво на нив, а потоа и на мене – изјави Лепа Брена.