Арина Сабаленка го воодушеви тенискиот свет со одлично одиграниот турнир во Мелбурн и без загубен сет стигна до титулата на Австралија опен . Сепак, еден бизарен ритуал на белорусинката скокна во прв план, уште пред резултатите.
Имено, Сабаленка пред секој натпревар во Мелбурн направи необичен потег – му се потпишува на главата на својот тренер Џејсон Стејси .
На прашањето на новинарката зошто го прави тоа, таа истакна дека тоа е „нивна работа“. Не знаеме дали оваа бизарна навика и донесе среќа во потрагата по трофејот, но едно е сигурно – за овој потег на Сабаленка долго ќе се зборува.