На социјалните мрежи кружи бизарна снимка од московската галерија, каде чувар се обидел да изеде уметничко дело.
Организаторите на изложбата за современа уметност во центарот на VDNKh забележале дека на една од инсталациите му недостасува „главниот протагонист“ и веднаш ја прегледале снимката од безбедносните камери. Да се каже дека биле шокирани од глетката е потценување.
Уметничкото дело претставува чинија со вода од која ѕирка златна рипка, додека друга се обидува да избега и скока покрај сликата на отворено море.
Инсталацијата симболично го добила името „Бегството на златната рипка“, а очигледно му паднала во очи на еден чувар, пренесува Oddity Central.
На видеото можете да видите како со интрига му приоѓа на садот, па ја вади златната рипка од држачот, ја мириса и се обидува да ја гризне.
Кога организаторите го забележале проблемот, ги провериле камерите, а потоа го соочиле обезбедувањето со бизарно откритие.
Тој, наводно, ги кренал рамениците и објаснил дека имал тешка ноќ со многу малку сон и дека не разбира што прави. Веднаш бил суспендиран од работа, а сликата по неколку дена била вратена во изложбениот простор.