Изборот на име за бебе е тешка работа, бидејќи тоа ќе биде името што детето ќе го носи до крајот на својот живот. Секое време има одредена мода кога се во прашање имињата, па цели генерации деца во Македонија добивале имиња кои биле популарни во тоа време.
Во последниве години кај нас се модерни кратки, ефектни и универзални имиња како Макс, Хана, Сара… но и историски личности како имињата на македонските владетели – Александар, Филип…
Меѓутоа, во светот се шири бизарен тренд, па на гробиштата се избираат детски имиња. Како што пишува веб-страницата „SheKnows“, сè повеќе трудници може да се забележат како шетаат низ гробиштата, гледаат во надгробните споменици и таму наоѓаат имиња за своите неродени бебиња.
Бремена жена со деца на гробишта
Видеото од бременатa ТикТокерка, Хејли Хоџ, како шета низ гробишта во Северна Каролина со нејзините три постари деца стана вирално со 2,5 милиони прегледи.
„Кога гробиштата ги имаат најубавите имиња, тогаш го носиш семејството да бара име на девојче“, напиша таа во објавата.
Преку видеото како шета меѓу надгробните споменици, таа наведе некои од имињата што ги видела и им се допаднале.
„Џејмс, Џулијан, Ела, Галовеј, Салем“, се слуша како таа им кажува на децата имиња кои особено ги сакале.
Како што објаснила, нејзиното семејство веќе има традиција да избира имиња од надгробните споменици, па така била именувана и нејзината сестра.
„Дали знаевте дека семејствата доаѓаа на гробиштата на излети со своите најблиски. Знам дека на некои им изгледа морничаво, но мајка ми беше љубител на историјата и нè носеше на гробишта како деца“, рече таа.
Хејли објасни дека името на нејзината сестра Купер доаѓа од надгробната плоча.
„Можете да научите толку многу за културните аспекти од минатото само со гледање на надгробните споменици“, додаде таа.
Нејзиното видео предизвика различни коментари на мрежите и многумина веруваат дека таа избрала морничав начин да ги избере имињата на своите деца.
„Слушнав дека бремените жени привлекуваат духови“, „Мртвите ги одржува во живот ако им ги кажеш имињата“, „Да се носи душата на детето низ градината на минатото не е добро. Има толку многу попаметни начини да се избере име , а гробиштата дефинитивно не се место за тоа“, „Вашиот фокус треба да остане на почетокот на животот, а не на крајот“, се само дел од коментарите.
На прашањето како го добила своето име, таа одговорила: „Искрено, јас го добив името по мртво куче“.
Таа и нејзиниот сопруг Риверс веќе имаат три деца: Финли, 10, Кру, 3 и Бенкс, 16 месеци, но не откри дали и таа ги избрала нивните имиња на гробиштата.