Ѕвезда од филм за возрасни почина откако падна од балконот на хотелот откако покани двајца мажи да учествуваат во тројка, што предизвика истрага за нејзината мистериозна смрт.
Ана Беатрис Переира Алвеш, позната на интернет како Ана Поли, беше пронајдена мртва во дворот на апартманскиот хотел во Нова Игуачу, северозападно од Рио де Жанеиро. Бразилската полиција сега ја истражува нејзината смрт, пишува Мирор.
Се верува дека возрасната актерка паднала од балкон додека снимала сцени со двајца мажи за веб-страница за содржини за возрасни. Двајцата наводно дале контрадикторни изјави за настаните кои доведоа до нејзиниот ужасен пад, но досега никој не е уапсен.
Одделот за убиства ги анализира снимките од хотелскиот надзор и персоналот веќе е сослушан. На Ана и’ бил запленет и мобилниот телефон. Резултатите од обдукцијата се уште не се објавени, па не е познато дали во нејзиното тело имало дрога или траги на сексуално насилство.
Инспекторите го опишаа случајот како „комплексен“ и велат дека ги разгледуваат сите можности – од несреќа до можно кривично дело. Портпаролот на Единицата за убиства, која ја води истрагата, за локалните медиуми изјави: „Ние спроведуваме темелна истрага за да разјасниме што се случило. Ова е сложен случај и не исклучуваме никаква можност, без разлика дали се работи за несреќа или криминал“.
Хотелот во кој се случи инцидентот е локално идентификуван како хотел со четири ѕвездички Мон Блан Апарт. На интернет се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како полицаец стои над тело покриено со чаршав натопен со крв, за кој се верува дека и’ припаѓа на Ана.
„Сите информации за случајот веќе се во рацете на полицијата која ја води истрагата“, изјави нејзиното момче Педро Енрике за бразилскиот магазин Quem. „Ако некој е одговорен, ќе биде пронајден и ќе одговара, таа падна и немаше време да и’ помогне.
Во објавата на социјалните мрежи во која го објави датумот на нејзиниот погреб, Педро напиша: „Ми недостигаш многу. Како што одминува времето, сè повеќе сфаќам што се случило, а празнината во моето срце станува се поголема“.
Ана почина на 23 јануари, но иако веста се прошири на социјалните мрежи, бразилските мејнстрим медиуми ја објавија дури вчера. Еден пријател рече: „Имаше многу планови, сакаше да го прошири своето влијание на социјалните мрежи и секогаш беше ентузијастичка за идните проекти. Оваа вест ги шокираше сите“.