Кралот Чарлс III денес го слави својот 75. роденден.
Имено, наследникот на покојната кралица Елизабета II е познат по тоа што има некои многу специфични навики без кои не може да го замисли секојдневието.
Тина Браун, авторка на книгата „The Palace Papers: Inside the House of Windsor“, објавена на почетокот на годината, меѓу другото открива дека најстариот син на кралицата Елизабета II, кога оди да ги посети пријателите, мора со него да носи специјални хигиенски средства, како и специјално мартини.
Со неговото вселување во Бакингемската палата пристигнаа и ортопедски кревет, тоалетно седиште и специјална тоалетна хартија.
Чудни ритуали, кои многумина би ги нарекле бизарни, го следат уште од детството. Поранешниот помошник на Чарлс, Мајкл Фосет, и рекол на Тина Браун дека на патувањата секогаш го носел своето омилено плишано мече во пластична кеса за да не се оштети играчката.
Кралот Чарлс III има и слуга која секое утро стиска точно два и пол сантиметри паста на четката за заби.
Пол Бурел, поранешен батлер, откри дека пижамите на кралот Чарлс III морале да се пеглаат секое утро штом ќе се разбуди, дека врвките му ги ваделе од чевлите секој пат откако ќе ги облече и ги ставале под пегла за да се исправат и дека температурата на водата во неговата бања секогаш морала да биде иста.
Изворите велат дека и покојната кралица Елизабет II не се однесувала љубезно кон необичните навики на нејзиниот син, а сега крал Чарлс III…