„Билд“: Мане му удри шлаканица на Сане по мечот со Манчестер сити

– Напаѓачите на Баерн, Садио Мане и Лерој Сане имаа физичка пресметка по првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер сити (0-3), објави „Bild“.

Според германскиот весник, конфликтот започна за време на натпреварот, а потоа продолжи во соблекувалната. Забележано е дека на Мане не му се допадна тоа што Сане не му додал топка при една акција. Расправијата заврши со тоа што Сенегалецот го удри германскиот напаѓач по лицето. Фудбалерите брзо беа разделени, по што соиграчите го извадија Сане од соблекувалната.

Се чека реакцијата на раководството на клубот и евентуални санкции за фудбалерите вклучени во инцидентот.

Реваншот со Манчестер сити е закажан за 19 април во Минхен.