Ендрју Џексон (38) и неговата партнерка Ема Рис (41) решија да ја одведат својата ќерка во „Гуливеровиот свет“
Родителите би направиле речиси се за своите деца, особено кога се во опасност. Тој инстинкт е неопислив и тогаш нема страв од ништо. Ова видео покажува колку татковците можат да бидат грижливи, па го обиколи светот. Во него гледаме храбар тато кој без многу размислување тргнал да се качи на тобоганот во базенот од спротивната насока кога сфатил дека неговата ќерка е заглавена.
Ендрју Џексон (38) и неговата партнерка Ема Рис (41) решија да ја одведат својата ќерка во „Гуливеровиот свет“ за да го прослават нејзиниот шести роденден. Меѓутоа, кога девојчето решило да се качи на тобоганот, се заглавило на половина пат во гумениот чамец. Нејзиниот татко решил да ги земе работите во свои раце и се искачил на тобоганот за да стигне до својата ќерка.
– Можев да видам дека Сиена почна да плаче и да паничи, а Ендру скокна и рече дека мора да оди да ја земе – изјави мајката за ECCO и додаде дека не сакал да губи ни момент кога го слушнал своето девојче како вреска .
Ема го сподели видеото кое стана вирално со 4,7 милиони прегледи. Веднаш потоа цел свет ја сподели веста и подвигот на Андреј, бидејќи тој се однесуваше како вистински херој. Сиена (6) гордо му кажа на ECCO дека има супер-тато.