Милијардерот и основач на Microsoft, Бил Гејтс, верува дека вештачката интелигенција може да им овозможи на луѓето да се префрлат на тридневна работна недела.
Домаќинот на трибината „What Now“ („Што сега“) на платформата Spotify, Тревор Ноа, го прашал милијардерот за заканата од вештачката интелигенција за работните места. Бил Гејтс смета дека машините нема да им ја одземат работата на луѓето, туку ќе ја олеснат и минимизираат.
Според него, роботите можат да произведуваат храна и други работи важни за човекот.
„Звучи добро да се создаде општество во кое ќе треба да се работи само три дена во неделата“, рекол Бил Гејтс на прашањето за можноста вештачката интелигенција да им ги одземе работните места на луѓето.
Извршниот директор на JPMorgan, Џејми Дајмон, го дели овој став.
Бизнисменот верува дека следната генерација работници ќе треба да доаѓаат во канцеларија само три и пол дена во неделата благодарение на вештачката интелигенција.
„Вашите деца ќе живеат до 100 години без да заболат од рак поради технологијата и веројатно ќе работат три и пол дена во неделата“, рече Џејми Дајмон во коментарот за Bloomberg во октомври.