Кејтлин Џенер е снимена во јавноста по жестоката пресметка со трансродовите активисти, кои ги нарече домашни терористи.
Кејтлин Џенер (73) своевремено се викаше Брус и беше олимписки спортист и глава на семејството Кардашијан-Џенер, а набргу по разводот со Крис Џенер во 2013 година реши да го промени полот и името.
Но, поради своите ставови, кои не се плаши да ги искаже, често се соочува со трансродовата заедница, а во последниот таков говор ги нарече терористи.
Имено, Џенер застана во одбрана на 22-годишната пливачка Рајли Гејнс, која неодамна беше нападната затоа што зборуваше против трансродовите жени кои се натпреваруваат во женските спортски лиги.
Пливачката рече дека била удирана двапати за време на протестот на трансродовите активисти на Универзитетот во Сан Франциско по нејзиниот говор за правата на жените.
Во интервју за Fox News, Џенер ги повика трансродовите активисти, тврдејќи дека Џо Бајден се обидува да ги избрише жените од спортот дозволувајќи им на трансродовите жени да се натпреваруваат во женските лиги.
„Мислам дека е одвратно и многу лошо. Тоа е толку лош публицитет за трансродовата заедница. Има многу добри трансродови луѓе, но јас ги нарекувам „радикална мафија на виножитото“. Тие се левичарски активисти. Тие се домашни терористи“, рече таа.
Џенер вообичаено ги поддржува правата на трансродовите луѓе, но отворено повикува и на оние кои се родени како машки да им се забрани учество во женски спортови бидејќи верува дека тоа ќе ги уништи женските лиги.
“Ако Џо Бајден успее во своите планови, тоа ќе биде крај на жените во спортот. И тоа е штета бидејќи женскиот спорт помина долг пат во оваа земја и сега Џо Бајден се обидува да го уништи тоа”, изјави Кејтлин, која отворено го поддржа Доналд Трамп за време на неговиот претседателски мандат и изборите што следеа.
Кејтлин сега е фотографирана во јавноста за прв пат по пресметката со трансродовата заедница. Папараците ја уловија како купува кафе во Малибу, а нејзиниот израз на фотографиите јасно покажува дека не била баш најсреќна што ги видела.
За потсетување, Џенер за прв пат јавно се прогласи за жена во 2015 година во напис за Vanity Fair со наслов: „Call me Caitlyn“. Нејзината целосна промена на полот беше завршена во 2017 година.
Со поранешната сопруга Крис Џенер, Брус имаше две ќерки, Кендал и Кајл , а исто така беше очув на нејзините ќерки Ким, Кортни и Клои и на нејзиниот син Роб , кој го имаше со покојниот адвокат Роберт Кардашијан.
Пред тоа, тој беше во брак и со актерката Линда Томпсон, со која се ожени во 1972 година, а по пет години се разведоа а заедно добиле два сина.