Делот кој е најважен и се однесува за домаќинствата и повеќето мали потрошувачи, во делот на мрежната такса, како и преносот и дистрибуцијата, имаме намалување од 7%, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Тој ги објасни понудите со кои се снабдува универзалниот снабдувач и околу формирањето на новата цена на струјата што треба да стапи во сила од 1 јануари 2025 година, јавува Телеграф Македонија.
Во однос на просечните цени, цената на преносот на електрична енергија во МЕПСО се зголемува за 5,68%, каде што влијанието врз крајната цена е 4%. Дистрибутивната цена е намалена за 5,52%, а влијанието врз крајната цена е 33%. Цената на операторот на пазарот се зголемува за 19,8%, каде влијанието е многу мало и изнесува само 0,19%.
Бислимовски вели дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата, односно не очекува да биде повеќе од 1%.
Дел од мрежната такса што ја плаќаат домаќинствата и 90% малите потрошувачи се намалува за 7%. По донесувањето на овие одлуки, ЕВН како универзален снабдувач на РКЕ ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и малите потрошувачи.