Немањето желба и визија на Владата како да се справи и со зголемувањето на минималната плата и со ценовните шокови што ги гледаме секојдневно само покажува дека нема визија за справување и конечно решавање на овој проблем. Никаде во светот, ако читате економска теорија, нема вакво поскапување во услови на ниска инфлација, вели пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.
Тој нагласи дека денешната состојба на ценовни шокови и минималната плата е само одраз на манипулациите и неспособноста на власта. Доколку Законот за нелојална трговија се имплементира правилно, тогаш цените ќе се намалат за најмалку 30%.
„Ако правилата се јасни и некој ги манипулира затоа што нашол простор, мала дупка да се направи сето тоа за да имаат корист одредени кругови, вие како Влада не можете да молчите затоа што го имате механизмот. Ние сме првата земја од Западен Балкан во која донесовме закон, Закон за нелојална трговска практика, кој само ако почне да се применува доследно, ќе ги намали цените за најмалку 30%. Ќе се вратат. И што гледаме сега? Дневни превирања. Доколку од денеска почнат да го применуваат Законот за нелојална трговија, ред ќе се воспостави за седум дена“, изјави Битиќи.
Тој нагласи дека е неприродно Владата да стои зад бојкотот на пазарите, наместо да ги решава ценовните шокови за кои извршната власт ги има сите механизми, но јасно е дека и недостига визија како тоа да го направи.
Според Битиќи, минималната плата од 30.000 денари треба да биде реалност, но и да го промовира зголемувањето на просечната плата во земјава.