„Законот за нефер комерцијални практики ќе донесе поквалитетни производи на трпезата на граѓаните и поевтини од тоа што го имаме денес“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на телевизија Шења.
Тој додаде дека според законот повеќе нема да има потреба државата да интервенира со замрзнување на цените или профитните маржи.
Вицепремиерот Битиќи додаде дека односот на медиумите кон законот покажува дека интересот на граѓаните е во втор план, а примарен е интересот на оние кои плаќаат за телевизиско рекламирање.
Мислам дека ова ќе ја промени оваа практика и граѓаните ќе бидат информирани“, рече Битиќи.