Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по денешниот состанок со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата Владимир Наумовски.

На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.
-Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме, изјави вицепремиерот Битиќи.
На состанокот е констатирано дека е потребно почнување постапки од страна на надлежните институции, вклучително и на Комисијата, а согласно законските надлежности, за истражување дали постојат одредени законски повреди и злоупотреби кои доведуваат до нефер зголемување на крајните цени за потрошувачите.