Битиќи: Неприфатливо поскапување на автомобилското осигурување, компаниите веднаш ја повлекуваат одлуката

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи реагираше по поскапувањето на осигурителната полиса која е задолжителна кај осигурителните компании.

Тој вели дека „неприфатливо е зголемување на висината на полисата за задолжително осигурување од страна на осигурителните компании“.

„Ова може да се протолкува како директен напад, или политичка интервенција на осигурителните компании, бидејќи тарифата со тие покачувања двапати била доставена до Владата и двапати не била одобрена на владина седница.

„Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании наоѓаат начин како да го поскапат автоосигурувањето на сметка на граѓаните. Ова е пример за длабоката држава која треба да се искорени“.

„Ги повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренцијата да постапат и да започнат постапка олигополските здруженија и осигурителните компании да го повлечат поскапувањето и очекувам граѓаните кои веќе платиле повисоки цени да бидат обесштетени. , напиша Битиќи.