Откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера го претстави новиот трговски договор со Велика Британија , цената на биткоинот скокна над 100.000 долари за прв пат од февруари .
Според CoinMarketCap, цената на биткоинот моментално е 103.032 долари . Цената се зголеми за повеќе од 6 проценти во последните седум дена , што повеќето аналитичари го поврзуваат со напредокот на трговските преговори на САД со други земји.
Биткоинот не се тргувал над 100.000 долари од 7 февруари. Вредноста на најголемата криптовалута во светот е зголемена за повеќе од 9 проценти оваа година, но сепак е под рекордното високо ниво од 109.026 долари достигнато на 19 јануари.
Патем, трговскиот договор меѓу Американците и Британците резултираше со раст на берзанските индекси на Волстрит . Индексот Дау Џонс порасна за 0,62 проценти, на 41.368 поени, додека S&P 500 порасна за 0,58 проценти, на 5.663 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,07 проценти, на 17.928 поени.