Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера (18.11.2024) во 13:45 часот на СПБ Битола, 60-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавата, таа пред околу четири месеци на Фејсбук контактирала со лицето кое се претставило дека има македонско потекло, дека е вработен во Армијата на САД и дека моментално е на мисија во Сирија и дека сака да ја заврши мисија.
„Лицето ја известило дека мора да плати 10.000 евра доколку сака да ја заврши мисијата и побарало од неа да ги испрати парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, бидејќи немала пристап додека била на мисијата во неговиот жиро сметка“, велат од МВР.
Тие потенцираат и дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.