Израел и Хамас се во војна веќе 20 дена, а најмногу страда Појасот Газа, а доказ за тоа е бројот на жртвите кој надмина 7.000 луѓе.
Од почетокот на конфликтот, по упадот на Хамас и убиството на 1.400 луѓе, Израел спроведува брутална операција, секојдневно го бомбардира Појасот Газа, неселективно, додека тврди дека се бори против Хамас.
За тоа време во Појасот Газа беа убиени илјадници цивили, меѓу кои, според последните информации, има повеќе од 2.360 деца.
Колку страдаат палестинските деца и колку се трауматизирани поради секојдневното бомбардирање, покажува видеото што го објави новинската агенција ВАФА на својот Фејсбук профил.
На видеото можете да видите две момчиња на носилки кои во грчеви се гушкаат по гранатирањето.
Додека едниот плаче и едвај се движи, другиот постојано вика „Благодарам брза помош, благодарам брза помош“, велат од агенцијата во описот на објавата.
На социјалните мрежи со денови кружат ужасни сцени од повредени и загинати деца, но и покрај ова Израел не се откажува од гранатирањето, по што следи целосна блокада на Појасот Газа.
Најмалку 1.950 луѓе се затрупани под урнатините на зградите уништени од израелските бомби, додека 25 отсто од населениот дел на Газа е уништен во нападите, изјави палестинскиот министер за јавни работи и домување Мохамед Зијара.