Блам на векот! Каков срам – познатиот рапер Лил Памп се сликаше со Роналдињо, па напиша дека го запознал својот омилен кошаркар!

Роналдињо. Човек кој остави неизбришлива трага во фудбалот, а ретко кој на светот не слушнал за славниот Бразилец.

Познатиот фудбалер има многу обожаватели, го поддржуваат на секој чекор, а меѓу нив е и познатиот рапер Лил Памп, кој сакаше да се фотографира со Роналдињо.

Сепак, врз основа на објавата на Инстаграм, се поставува прашањето дали раперот воопшто знае кој е Роналдињо, со оглед на тоа што на социјалната мрежа напиша дека го запознал својот омилен кошаркар.

– Само што го запознав мојот омилен кошаркар – напиша Лил Пумп на Инстаграм.