Ана и Луси се познати како „најидентичните близначки“ на светот. Тие прават сè заедно, дури и делат партнер.
Ана и Луси се идентични близначки , а живеат како да се сијамски! Две црнки се познати и како „најидентичните близначки“ во светот. Ана и Луси од Перт, Австралија долго време ги импресионираат луѓето со нивните неразделни животи, од заедничко одење во тоалет, до хранење и најлудото нешто – до споделување партнер .
Освен што го делат истиот кревет со својот партнер Бен, Ана и Луси направија и пластична операција за да го задржат својот изглед што е можно повеќе. Нивната врска е толку силна што во една прилика, кога Ана имала преглед на стоматолог да извади болен заб, Луси решила да помине низ истата процедура иако нејзините заби биле целосно здрави.
– Нема да бидеме среќни ако не сме идентични или ако не ги правиме работите во исто време – објаснила Луси, како што пишува „Сан“.
Заеднички дечко
Кога станува збор за љубовта и романтиката, близнаците имаат едно момче, Бен. А кога се со него – и двете се со него, во секое време.
Близнаците, кои го запознале својот сегашен вереник пред повеќе од десет години, рекле дека се обиделе да видат различни момци, но едноставно не им успеало. Меѓу нив нема љубомора – дури ни кога Бен ја бакнува другата сестра веднаш откако ќе се сретне со една од нив.
Тие сакаат да забременат во исто време
Ова неверојатно дуо, кое дури и се тушира заедно, открива дека се соочиле со најтешката задача досега – да се обидат да забременат во исто време .
– Сакаме се да доживееме заедно. Не можеме да живееме една без друга. На крајот на денот, тоа е начинот на кој избираме да ги живееме нашите животи и толку имаме среќа. Ќе бидеме таму една за друга. Се додека детето е среќно и здраво, тоа е единствено важно – заклучија тие.