Брус Вилис ја губи својата „радост во животот“ и „јазичните вештини“ поради напредната деменција, според тажно ново тврдење од негов пријател.
Минатата година, 68-годишниот Брус Вилис се повлече од шоубизот поради битка со мозочната болест афазија, која предизвикува влошување на говорните способности на пациентот. Потоа, во март, неговото семејство објави дека неговата болест прогресила и дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).
Глен Гордон Карон, кој ја создаде серијата „Случајни партнери“ во 1980-тите што му донесе светска слава на Брус Вилис, ги сподели своите искуства откако ја посетиl филмската ѕвезда во средината на неговата битка со болеста.
„Моето чувство е дека тој знаеше кој сум јас во првите три минути. Тој не е целосно вербален; порано беше незаситен читател, иако не сакаше никој да го знае тоа, а сега и самиот не го знае. Сите тие јазични вештините повеќе не му се достапни, а сепак тој е тука, Брус Вилис. Кога сте со него, знаете дека е Брус Вилис и сте благодарни што е таму, но радоста на животот исчезна“, рекол Глен Гордон Карон во потресното интервју за Page Six.
За Брус Вилис моментално се грижи неговата сопруга Ема Хеминг, со која има две помали ќерки, Мејбел (11 г.) и Евелин (9 г.). Тој исто така има три возрасни ќерки; Румер (35 г.), Скаут (32 г.) и Талула (29 г.), кои ги имаше во брак со неговата поранешна сопруга Деми Мур, која остана во пријателски односи со него и Ема Хеминг.
Од почетокот на битката на Брус Вилис со болеста, Глен Гордон Карон се обидуваше да го посетува еднаш месечно, но не секогаш со успех.
„Не сум секогаш толку добар, но се трудам да разговарам со него и неговата сопруга и да имам лежерен однос со неговите три поголеми деца. Се трудев многу да останам во неговиот живот. Она што ја прави неговата болест толку страшна е тоа што ако некогаш сте поминале време со Брус Вилис, нема никој кој имал поголема радост во животот од него. Брус навистина сакаше да се буди секое утро и да се обидува да го живее животот во потполност, но сега живее како да го гледа животот низ вратата од екранот“, призна авторот на телевизиските хитови.
„Случајни партнери“ штотуку го имаше своето деби на платформата за стриминг Hulu, а Глен Гордон Карон работи на медиумска кампања за да го претстави заедно со главната ѕвезда на серијата, Сајбил Шеферд. Брус Вилис, тогаш непознат актер, се прослави во комедијата од 1980-тите, глумејќи покрај Сајбил Шеферд, кој веќе уживаше во кариерата како филмска ѕвезда во 1970-тите. Двојката играше детективи кои романтично се испреплетуваат еден со друг, а нивната врвна хемија честопати е заслужна за успехот на серијата.
Иако деменцијата на Брус Висли оттогаш напредува, Глен Гордон Карон успеал да му ја соопшти веста дека „Случајни партнери“ се емитува на Hulu.
„Знам дека е многу среќен што шоуто ќе биде достапно за луѓето, иако не може да ми го каже тоа. Кога можев да поминам време со него, разговаравме за тоа и знам дека е возбуден“, рекол Глен Гордон Карон.